АИРЛИЈА: Уште една голема новост за учениците во ООУ Климент Охридски-Прилеп
Уште една голема новост за учениците во ООУ Климент Охридски-Прилеп. Неспорен е фактот дека во ова училиште, постојано се работи во интерес на учениците. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното известување за новогодишната театарска претстава за деца, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп).

Она што е нaјново сработено во ова основно, прилепско училиште, е комплетно изградената заштитна ограда на училиштето. Имено, старата заштитна ограда е целосно отстранета, при што е поставена нова, квалитетна современа заштитна ограда која е од бетон и железо, при што на ваков начин уште повеќе се зголемува заштитата и безбедноста на училиштето и учениците кои учат во ова прилепско училиште.



















