Физичка пресметка помеѓу Управата на ФК “Победа” и прилепски навивачи


Вчера, веднаш по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Победа“ и ФК„Шкендија“, лицата Ф.И., Н.Н., В.С., А.И., Д.Х., К.С, како и и други останати лица од Прилеп, влегле на теренот на фудбалскиот стадион се со цел за да физички се пресметаат со управата и играчите на ФК „Победа“. На ова, брза интервенција презеле присутните полициски службеници, меѓутоа претходно наведените лица и покрај тоа, агресивно се однесувале кон присутните полициски лица со што
ги спречиле во извршувањето на службените дејствија.

Откако целосно ќе биде комплетиран и документиран овој случај, поднесена ќе биде соодветна кривична пријава.


















