СЕКОЈА ЧЕСТ: Прилепчанецот Вања Ѓорѓиоски на светско финале, освои прво место и доби златен медал како и светски признат сертификат


Како што информираат од ООУ “Климент Охридски” во Прилеп, нивниот ученик Вања Ѓорѓиоски учествуваше на светското финале на натпреварот по англиски јазик Хипо, кое се одржа од 28-30 септември во Рим, Италија.

Ѓорѓиоски се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам и многу други. Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина, додека пак неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.



















