РАДОСТИ: Денеска, прилепските првачиња беа во едукативна посета на Пречистителната станица во Прилеп


Денес во едукативна посета на Пречистителната станица на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп, беа дел од првачињата на ООУ “Кочо Рацин” Прилеп. Денешните млади гости, денеска беа запознаени дека Прилеп е градот кој што ја има најсовремената и една од најголемите пречистителни станици на балканот. Децата од мали се учат на ЧИСТА ВОДА + ЧИСТА ПОЧВА = ЗДРАВА ХРАНА… Истакнато со други зборови тоа значи: Здрава вода, среќно дете!

Пречистителната станица е исградена за да се исполни основната цел односно пречистување на урбаните и индустриските отпадни води во град Прилеп. При што влезната отпадна вода (инфлуентот) се пречистува со соодветни физички, хемиски и биолошки третмани. На крајот на процесот излезната вода (ефлуентот) по квалитет ги задоволува карактеристиките пропишани со законската регулатива на Република Северна Македонија, а кои се во усогласеност со најстрогите ЕУ Директиви за третман на урбани отпадни води (91/271/ЕЕЦ).
Процесот на пречистување на урбаните отпадни води се одвива во 3 последувателни чекори и тоа: предтретман, примарен третман и секундарен третман на урбаните отпадни води.


















