Прилепскиот градоначалник Јовчески и Заменик градоначалникот Стерјовска-Локвенец, денеска беа дел од рекреативната тура „Сите на велосипед“

Сподели го ова:





























По повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, денес во Прилеп традиционално се одржа рекреативната тура „Сите на велосипед“. На настанот присутвуваа, а воедно и возеа велосипеди градоначалникот Јовчески и Заменик градоначалникот на општина Прилеп Стерјовска-Локвенец.

“Честитки и голема благодарност упатувам до Велосипедскиот клуб „Илинден“ кои што се организатори на овој настан заедно со Сојузот на училишен спорт на Прилеп и Локалната самоуправа на Прилеп како покровители и поддржувачи на оваа манифестација.Ми претставува огромно задоволство што денес ве имаше навистина во голем број, над 600 љубители на велосипедизмот и на спортот воопшто. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација. Па затоа поради сите овие добри и корисни причини сакам да апелирам до сите наши сограѓани што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и во исто време да ја чуваат животната средина.Уште еднаш да ги поздравам организаторите, сите присутни, сите учесници на оваа велосипедска тура а воедно да ви го честитам големиот државен празник 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј”-истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави