Вработените задоволни! Новото Раководство на ЈП “Македонски шуми” повторно на вработените им исплати плата!!
Во законски предвидениот рок, денеска вработените во “Македонски Шуми” на своите сметки имаат плата за месец септември. Од претпријатие кое со месеци беше со блокирана сметка, од претпријатие кое имаше неисплатени плати, придонеси и што ли уште не, новото раководство успеа за само неколку месеци да го сервисира сето ова, и еве веќе неколку месеци редовно на вработените им се исплаќа плата.
Што се однесува пак до ситуацијата на терен, таа е премногу тешка, борбата со недостатоците и криминалот кои се наследство од претходните раководства се премногу големи, меѓутоа како што истакнуваат од ЈП Македонски шуми -нема откажување, и дека како раководство успешно се справуваат и кон санкционирање на кримималот кој години наназад постоеше во ова Јавно Претпријатие.
Секоја чест за новото раководство! Само напред!!