ПЕШ ДО ОСТРОГ – 400 километарски предизвик на Дамјан во знак на благодарност кон Св. Василие Острошки и подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија!

Сподели го ова:


























ПЕШ ДО ОСТРОГ – 400 километарски предизвик на Дамјан во знак на благодарност кон Св. Василие Острошки и подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија!

Запознајте се со Дамјан Марковски, спортист кој целата своја младост ја има посветено на фудбалските терени, а сега пред него е подвиг за кој ретко кој би се охрабрил да го исполни! Дамјан, кој во моментов има зад себе 32 километри, утринава во 6 часот од центарот на Скопје тргна пеш кон манастирот во Острог, оддалечен околу 400 километри!

Имено, со ова пешачење Дамјан на свој начин изразува благодарност кон Св. Василие Острошки, манастир кој имал значаен придонес во оздравувањето на член на неговото семејство.

Покрај тоа, оваа иницијатива ја користи и за покренување на свеста за интензивирање на медицинската грижа особено кај младите спортисти! Па така, тој ги повика сите да донираат симболичен износ на нашиот линк во био, додека не бидат објавени телефонските броеви за донација, а средствата собрани од оваа инцијатива ќе бидат искористени за набавка на Polar мерачи на срцевиот ритам.

Овие уреди можат да откријат неправилности во срцевиот ритам и да обезбедат рани предупредувања за потенцијални срцеви проблеми. Со редовно следење на срцевото здравје на младите спортисти, веруваме дека можеме да спречиме трагедии како онаа која ги однесе животите на Марко и Андреј.

Ти благодариме за оваа прекрасна инцијатива Дамјан! Нашите мисли се’ со тебе и ти посакуваме среќа и лесен пат до крајната цел! Знаеме дека ова нема да биде лесно, но не’ заборавај дека сите членови и поддржувачи на фондацијата се’ со тебе! – известуваат од фондацијата „Марко Божиновски“ која е отворена во чест на Марче, чиј живот прерано згасна.




Сподели го ова:

Слични објави