Остварена е средба помеѓу премиерот Мицкоски и Амбасадорката на САД, Ангела Агелер

Сподели го ова:


























Премиерот на нашата земја Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

-На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата. Ја истакнав важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес – истакна Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави