ОД ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА, ВО ПРИЛЕП БЕСПЛАТЕН ОБРОК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО И ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ

Сподели го ова:





























Од оваа училишна година, Општина Прилеп обезбеди бесплатен обрoк за учениците од прво и второ одделение, а веста ја потврди и самиот прилепски градоначалник кој истакна:

“Образованието е темел на секоја заедница, на секоја општина и држава. Затоа сметам дека најсигурна инвестиција во иднината претставува образованието.

Драги првачиња, за вас ова е нов прекрасен дел од вашиот живот и нов почеток! Имајте успешен почеток во вашиот втор дом, бидете здрави и среќни, во училиштата вашите наставници ќе се погрижат да бидите прекрасно воспитани и образовани деца, вредни ученици и добри другари!

Сакам да им посакам на сите вработени во сите училишта во општина Прилеп, на учениците и нивните родители, среќна и успешна нова учебна година, а ние како Локална самоуправа ќе продолжиме да инвестираме во воспитно образовниот процес.

Уште еднаш морам да истакнам дека од оваа учебна година ќе имаме бесплатен оброк за сите ученици од прво и второ одделение во општина Прилеп.

Продолжуваме максимално посветени за Прилеп” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави