Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата

Сподели го ова:


























Националниот совет за развој, е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година – нагласи премиерот Христијан Мицкоски, на втората седница на Националниот совет за развој.

Индустријата, повеќето пари е клучот за благосостојбата на сите. Повеќе пари за подобар живот и напредно општество. И за тоа се потребни годишни растови на БДП кои ќе дадат драматични скокови во стандардите во повеќе полиња.Нашата визија за иднината вклучува и силен ангажман на сите за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард буквално за сите граѓани. Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите.
Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места
– истакна премиерот Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави