“КОЈ ПИЕ-ЗЛО НЕ МИСЛИ”?? Утрово до 04 часот, полицијата санкционира 29 возачи под дејство на алкохол


Во текот на изминатата вечер (12/13.11.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола (Прилеп, Битола, Ресен…) спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 29 возачи. За време на контролата бил санкциониран и 21 возач за други видови на прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

















