ЧЕСТИТ ИМЕНДЕН НА АЛЕКСАНДАР, АЛЕКСАНДРА, АЦЕ… Денес се празнува св. Алексиј човек Божји
Денес православните христијани го празнуваат св. Алексиј човек Божји. Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Хонориј во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. И тој и жена му Аглаида животот го минуваа…









