Ѝ требале пари, па од касата на обложувалницата си зела 61.000 денари
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. од Куманово поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело ,,затајување’’. Пријавената, како вработена во спортска обложувалница во Куманово, на 25.12.2024 од касата одзела 61.000 денари – информира МВР.









