Премиерот Мицкоски: Платите ги зголемивме за 8.000 денари, пензиите за 7.000, раст на БДП е 3 проценти, се градат 6 автопати

Сподели го ова:





























Премиерот Мицкоски, во гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител истакна:

„Овие две години, просечната плата е зголемена за 8.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но, имајќи предвид каде почнавме мислам дека е повеќе од доволно. Ги зголемивме пензиите за 7.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но ако се земе во предвид дека просечната пензија беше некои 14.000, 15.000 денари пред оваа влада да биде влада за две години да ја зголемите за 40, 45 проценти е значаен параметар. Ако претходно еве за економските параметри, економскиот раст беше 1,8 проценти годишно, сега е 3,5 проценти, значи двојно на БДП. Порано учениците цела година немаа учебници сега ги има од април за во септември, пред некој ден со министерката имавме промоција на учебници нови 60.000 учебници кои ќе ги добијат на први Септември, што порано за претходната влада ова претставуваше сериозен предизвик“, вели Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави