Донирајте! Туморот се врати кај прилепчанецот Виктор – да се обединеме повторно за спас на човечки живот

Сподели го ова:





























Драги пријатели, Виктор Николоски е 27-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно детенце. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал. Пред една година се појави тумор, кој сега повторно се врати. Неговата сопруга преку емотивна објава, се обрати до сите оние кои можат да помогнат за да се спаси овој млад живот:

“Три зборови кои повторно ни го срушија целиот свет на парампарчиња има нов, многу поагресивен тумор на мозочното стебло! Откако преживеа операции и хемотерапии и не се предаде кога најмногу болеше, мојот 27-годишен сопруг сега повторно е фрлен во битка на живот и смрт. Кога ќе го погледнам нашето детенце од година и пол кое штотуку почна да ги кажува првите зборови, додека јас умирам од страв дека ќе остане без татко и нема да го запамети.

Во среда Виктор мора ИТНО да биде опериран во Турција, но нашите раце се целосно врзани бидејќи досегашната борба ни ја исцрпи и последната пара од сметката и ние едноставно немаме со што да го платиме неговиот единствен спас.Потоа не очекуваат нови терапии, нови испитувања, нов страв и уште една долга и неизвесна борба.Но овој пат е уште потешко.

Како мајка која се бори нејзиното дете да не расте како сираче.Како семејство кое повторно стои пред најтешкиот животен испит.Помогнете му на Виктор.Помогнете му повторно да добие шанса за живот.Секоја донација значи надеж.Секое споделување може да допре до некој што ќе помогне.Да не дозволиме оваа борба да ја води сам.Да му помогнеме повторно да се избори.Од срце ви благодариме на сите што сте со нас, што верувате во него и што ни давате сила да продолжиме” – се вели во објавата на сопругата од Виктор.

Донирајте и прочитајте ја целата прикзана на следниот линк:

🌐Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:

https://pavelandreev.org/…/pomosh-za-viktor-mlada-nadej…

🌐Банка:Allianz Bank

IBAN: BG41BUIN95611000779423

BIC: BUINBGSF

Примател: Foundation Pavel Andreev

Цел на дознака: Viktor Nikoloski

✅Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.




Сподели го ова:

Слични објави