Интензивно се работи на уредување на централното подрачје во Росоман
Во тек е поставување на подземна инсталација за улично осветлување, по што во наредна фаза ќе бидат поставени нови метални канделабри.
Паралелно, од страна на ЕВН Македонија се врши поставување на подземна електрична инсталација и реконструкција на трафостаницата во централното подрачје.
Со комплетирање на сите активности, центарот на Росоман ќе добие модерен, уреден и функционален изглед.


















