Вчерашното невреме во прилепско “корнеше” скелиња со тутун и млади дрвни насади
Невремето кое се случи вчера во прилепско иако траеше многу кратко, сепак беше доволно за да предизвика временска нестабилност во неколку прилепски села. Висок интензитет на дожд, грмежи како и засилен ветер, беа причина за да бидат окорнати повеќе дрвни насади во прилепските околни места и викендички.

До нашата информативна редакција пристигнаа информации дека во некои делови во Прилеп невремето во прилепско “корнеше” и скелиња со тутун, при што кај некои семејства е причинета значителна штета.


















