ИМА РАЗЛИКА! Новата Регионална депонија е подобро решение од “ѓубриштето” во Мегленци
Во овој период, најдобро е граѓаните од Општина Битола да не подлегнуваат на провокации од некои политички партии, кои сакаат токму овие граѓани да ги искористат за евтини политички поени, пласирајќи им лажни информации дека новата регионална депонија е штетна за здравјето на битолчани.

Од тука, се наметнува прашањето – што е пострашно, новата регионална депонија која ќе биде креирана согласно европските препораки за безбедност, или моменталната т.н.жива болест во Мегленци, – големото ѓубриште кое повеќе од 30 години постојано чади?

Станува збор за големо ѓубриште кое се фрла од градот Битола, како и од околните села на едно место кое претставува чиста зараза. На таков начин, пелагониските полиња кои раѓаат храна за луѓето и животните, целосно се загадуваат, а таквата храна ја јадат токму граѓаните. Станува збор за храна која е небезбедна и штетна, а за да се реши ваквиот проблем неопходна е регионалната депонија која ќе ги спаси битолчани од “ѓубриштето” во Мегленци, и на таков начин овие граѓани ќе добијат функционална депонија по европски стандарди!!! На ваков начин, ќе се заштити воздухот, почвата и подземните води во Битола и битолско.


















