Љутков: Денес, на 27 март, Светскиот ден на театарот, ја славиме човечката креативност и значењето на театарот како огледало на нашите соништа, стравови и надежи

Сподели го ова:





























Денес, на 27 март, Светскиот ден на театарот, ја славиме човечката креативност и значењето на театарот како огледало на нашите соништа, стравови и надежи.

Театарот е гласот на колективното искуство, жив организам што го пулсира ритамот на времето.

Од античките трагедии до модерните експериментални дела, театарот сведочи за нашата вечна потрага по разбирање. Преку секоја реплика, движење и молк, тој не потсетува дека човечката приказна е најмоќната форма на комуникација.

Токму на театарската сцена, зборот добива тежина, емоцијата станува опиплива, а вистината прозвучува во секој агол. Театарот, не само што ја потенцира важноста на непосредниот контакт, туку и неуморно не повикува да размислуваме, да чувствуваме и да делуваме.

Како нација со богата културна традиција, наша е должноста да го поддржуваме и негуваме театарот. Да создадеме услови за развој на театарското творештво, да ги поддржиме уметниците кои преку своите дела внесуваат светлина и мудрост во нашите животи.

Честитајќи ви го денешниот ден, сакам да им оддадеме признание на сите режисери, драматурзи, актери, сценографи, костимографи и техничари – на сите што го прават театарот возможен. Нивната посветеност е нашата инспирација, нивната креативност е нашиот заеднички капитал.

Нека Светскиот ден на театарот биде потсетник дека уметноста има моќ да не обедини, да не поттикне и да не воздигне – порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави