СПОДЕЛУВАЈТЕ! Само да не изгори манастирот! Манастирот св.Ѓорѓија во с.Дуње упатува апел до граѓаните за помош при гаснење на огнот!
Мариовскиот дел на Прилеп доживеа невидена катастрофа, каква што не се памети досега. Пожарот се одвива во атарот на селата Бонче, Крушејца, Пештани, Дуње и Кален.

Моментално со огнената стихија се борат над 200 лица кои се обучени како да се справат со огнените јазици. Меѓутоа, од манастирот св. Ѓорѓија од с.Дуње доаѓа лоша вест, а тоа е дека пожарот се доближува до манастирот.

Пожарот се наближува до манастирот св.Ѓорѓија ако има доброволци нека дојдат за помош – се истакнува во објавата од манастирот св.Ѓорѓија во с.Дуње – Мариово.


















