Од утре, некои пекари лебот ќе го продаваат по пониска цена
Дел од пекарите ширум нашата земја најавуваат дека од утре, граѓаните ќе може да купуваат леб по поевтина цена која со сигурност би била под 33 денари. Колку ќе се исполни ова, останува да видиме. Во иднина-според најавите се очекува да има корегирање на цените и на другите пекарски производи, за околу 10%.

Колку за потсетување, високата цена на лебот беше наметната како резултат на моменталната светска криза и високите цени на брашното за производство на леб.


















