ВИДЕО: Денеска во Прилеп се одржа Државното изборно првенство во борење У15

Сподели го ова:





























Денеска во спортската сала на СОУ „Р.Р. Ричко“ се одржа „Државно изборно првенство во борење У15“ (категорија на борачи до 15 години)  во техничка организација на Боречкиот клуб „7-ми Мај“ од Прилеп, а главен организатор е Федерацијата за борење на Македонија. Градоначалникот Борче Јовчески беше присутен на настанот, ги поздрави присутните посакувајќи им многу здравје и успех:„Најпрвин да се заблагодарам на поканата од страна на Боречкиот клуб 7-ми Мај од Прилеп кои што се технички организатори на овој настан, поздрав до претседателот на Боречката Федерација, до директорот на Боречката Федерација, до сите претставници на БК 7-ми Мај и се разбира голем поздрав до сите млади учесници и натпреварувачи на овај турнир.Ви посакувам многу успех денес на сите кои се борат за место во репрезентацијата на Македонија во категоријата до 15 години, вие сите сте млади надежи кои ќе не претставуваат на меѓународна сцена и се надеваме дека ќе се радуваме на многу ваши тимски и индивидуални успеси во иднина. Исто така сакам особено да ги поздравам шампионките од Прилеп кои се 2 години по ред шампионки во женска конкуренција на ниво на Македонија и сакам да им посакам и оваа година шампионскиот пехар да остане во Прилеп. Сакам да упатам поддршка до раководството на Клубот 7ми Мај, да продолжат со својата успешна работа и да се радуваме заедно на  уште многу успеси со кои што го промовираат нашиот град Прилеп, а ние како локална самоуправа ќе бидиме секогаш тука како поддржувачи и помагатели на овај спорт и на нивната работа“, истакна градоначалникот Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави