Проданоски: Нашата обврска е да вложуваме во младите, затоа што токму тие се иднината на Прилеп и на Македонија

Сподели го ова:





























Во пресрет на големиот државен празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денеска прилпескиот градоначалник и неговиот тим присуствуваа на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Канатларци.

“Овој ден има посебно значење за македонскиот народ, затоа што нѐ потсетува на делото на Светите Кирил и Методиј, просветители кои ги поставија темелите на словенската писменост, образование и култура. Благодарение на нивното дело, денес зборуваме, пишуваме и го чуваме нашиот јазик, идентитет и духовна традиција.

Особено ми е драго што ова училиште е пример за заедништво, меѓусебна почит и вистински соживот. Наставата што се реализира на македонски и на турски наставен јазик е уште една потврда дека различностите можат да бидат наша вредност и сила, а училиштето место каде што се градат пријателства, почит и вистински човечки вредности.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на подобрување на условите во образованието и создавање подобра средина за сите ученици и наставници.

Нашата обврска е да вложуваме во младите, затоа што токму тие се иднината на Прилеп и на Македонија” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави