За само 5 часа санкционирани се 24 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола
На 28/29.01.22 во периодот од 22.00 до 03.00 часот полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола спроведоа акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол.За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 24 прекршоци. Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 14, на подрачјето на Прилеп – 6, на подрачјето на Ресен – 2 и по една на подрачјето на Демир Хисар и Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
