Сестрата на прегазената Викторија: Сонот ќе ни биде утеха да ни дојдеш и украдеш една насмевка дека уште постоиш

Сподели го ова:






























Денеска се одржа мирен собир во чест на Викторија Николава, при што голем дел од нејзините роднини и пријатели од Радовиш, како и случајни минувачи дојдоа да запалат свеќа како и да положат свежо цвеќе веднаш до нејзината врамена фотографија која што беше оставена точно баш на местото на несреќата. „Сонот ќе ни биде утеха да ни дојдеш и украдеш една насмевка дека уште постоиш. Ти си дел од нас, наша сестра, ќерка, девојка.. Спокојот твој ќе биде нашиот подвиг а споменот твој, од сега па натаму, нашиот втор живот. Да не бидете како нас – празна гора без дрвја. Отворете ги очите и белите линии на пешачкиот премин нека бидат аларм дека овде минува живот како што помина и замина нашата Викторија“, истакна Билјана Николова, сестра на починатата Викторија.Несреќата се случи вечерта на 20 јануари кога 22-годишниот возач ја прегази младата девојка. Во моментот на несреќата семафорите на раскрсницата не работеле.




Сподели го ова:

Слични објави