Проданоски и министерот Трипуновски во посета на “Витаминка”

Сподели го ова:





























Денеска, министерот Цветан Трипуновски заедно со пратеникот Дејан Проданоски ја посетија Витаминка – компанија која што е препознатлива надвор од границите на Македонија, и остварија средба со менаџментот на оваа фабрика. Оваа фабрика има околу 670 вработени и извезува свои производи во над 30 земји ширум светот. Витаминка е пример за тоа како македонските компании можат да бидат конкурентни на светскиот пазар.

Особено ме радува нивната поддршка за кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост” – логото на кампањата ќе го има на нивните производи, што е силна порака за промоција на нашите производи. Се согласивме дека со избирање на домашен производ, не избираме само храна или продукт – туку директно инвестираме во нашата економија, создаваме нови работни места и ја зајакнуваме стабилноста на државата – порача Трипуновски.




Сподели го ова:

Слични објави