Најдовски: Исполнето е повеќедецениското барање за изградба на пат до едно од демирхисарските светилишта, манастир Св. Тома, с. Граиште
Градоначалникот Најдовски, денес изврши увид на градежни работи – изградба на општински пат, локален патен правец од с. Граиште до манастир Св. Тома, крак пат с. Вардино до манастир Св. Тома.
Најдовски ја истакна важноста на овој проект кој целосно е имплементиран ѝ кој е од колосално значење за натамошниот развој на општината, со што се решаваат горливите проблеми кои ги засегаат граѓаните.
Исто така, потенцираше и нагласи дека со максимална посветеност, исклучиво ќе работи според потребите и според интересите на граѓаните од населените места во општината и во иднина.
Во рамки на денешната активност која ја спроведе заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар, истакна дека исполнето е повеќедецениското барање за изградба на пат до едно од демирхисарските светилишта, манастир Св. Тома, с. Граиште.