Во Прилеп започна изградбата на потпорен ѕид на улицата „Прохор Пчински“ во населбата Рид
Општина Прилеп денеска започна со изградба на потпорен ѕид на улицата „Прохор Пчински“ во населбата Рид, со што се решава долгогодишен инфраструктурен проблем кој ги загрозуваше домовите и безбедноста на нашите сограѓани.

Овој зафат е од особено значење за жителите на ова подрачје, бидејќи токму тие со години се соочуваа со нестабилен терен и реална опасност од одрони.