ЗА ЖИВОТИ СЕ РАБОТИ!!! Повеќе прилепчани бараат Министерството за здравство да изнајде начин и да помогне на прилепчанката Маја Стеваноска и нејзиниот син

Сподели го ова:


























Голем број на прилепчани, неколку години наназад ја знаат лошата животна приказна на семејството Стеваноски од Прилеп, при што денеска неколку наши сограѓани ја контактираа “STANICA.MK”, се со цел, за да преку нашата објава (како еден од двата најчитани информативни портали по бројот на следбеници во нашиот регион), да помогнеме на едно прилепско семејство, на кое судбината последниве години им задава голем животен удар. Дел од нашите сограѓани кои не замолија да ја објавиме оваа објава, бараат од Министерството за здравство да изнајде начин и да помогне на прилепчанката Маја Стеваноска и нејзиниот син-близнак.

Станува збор за прилепчанката Маја Стеваноска и нејзиниот 12 годишен син боледуваат од епилепсија, а за да болката биде уште потешка, судбината им носи уште еден животен удар, а тоа е церебралната парализа која ја има нејзиниот син, кој исто така не гледа од десното око. Стеваноска, е во лоша финансиска состојба, па како резултат на тоа, не е способна да ги набави основните лекови потребни за терапија за неа и нејзиниот син, а што се однесува пак до посложени и поконкретни испитувања по болници, тоа за нив, барем сега за сега е невозможен потег. Животот на многу начини си има поиграно со ова прилепско семејство.

Стеваноска пред три години, колку-толку можела да се грижи за нејзиниот син, меѓутоа се направила операција од тумор на главата, а една година подоцна судбината и задава уште еден удар, каде нејзините напади зачестуваат. Во последно време нападите од епилепсија се појавуваат и по неколку пати на ден. Врз основа на ова, самата таа не е во можност да работи, а воедно и да може, не може да излезе од дома зашто мора да се грижи околу негата за нејзиниот син. Прегледите и лекарствата за неа чинат големо богатство. Секој оној кој што сака да помогне на ова прилепско семејство, може да донира парични средства на следнава жиро сметка: 300027087653847-Комерцијална Банка, или пак да се јави на 078/ 204-183. За животи се работи!!




Сподели го ова:

Слични објави