Од утре ќе имаме целосна стабилизација на времето, а за викендот повторно дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а целосна стабилизација на времето ќе имаме од оваа среда.
Имено од утре до петок не очекува стабилно време со пораст на дневните температури, меѓутоа тоа ќе трае се до сабота утрото кога ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи.
Од сабота дневните температури ќе бидат во повторно опаѓање.
