Утре во Битола со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците во с. Карамани , а со намален притисок корисниците во РЕК „Битола“
Почитувани, Во текот на утрешниот ден, 24.06.2026 (среда), поради дефект на водоводната мрежа (ПВЦ Ф-225), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците во с. Карамани , а со намален притисок корисниците во РЕК „Битола“. Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на активностите – информираат од ЈКП Водовод-Битола.
