Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба да се намалат – во спротивно ќе преземеме мерки
Премиерот Мицкоски денеска во Владата ќе има состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети, при што нагласи дека токму нив ќе им упати порака оти кризата завршува, како и тоа дека граѓаните биле толерантни, и дека сега на ред маркетите и трговците да им се одолжат, и да ги намалат цените на производите.
Денеска имаме во во Владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и мојата порака ќе биде јасна. Завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат на граѓаните, и веднаш да пристапат кон намалување на цените на на производите – посебно основните прехранбени производи. Тоа го очекувам од нив. И исто така ние како Влада имаме механизми, доколку тоа не се случи, на еден поинаков начин да го спроведеме. Оправдување и изговори не прифаќам, од типот „не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените“ и слично. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме – истална Мицкоски
