ВИДЕО: Во Прилеп во завршна фаза е изградбата на новата сервисна улица во должина од 392 метри во индустриската зона кај „Жито Прилеп“
Во тек е завршната фаза на градежните активности за изградба на новата сервисна улица во должина од 392 метри во индустриската зона кај „Жито Прилеп“.
“Со реализацијата на овој проект создаваме подобри услови за развој на стопанството, отворање нови производствени капацитети и нови работни места за прилепчани.
Проектот опфаќа:
-Улица со вкупна ширина од 10 метри
-Коловоз од 7 метри со две сообраќајни ленти
-Тротоари од двете страни за безбедно движење на пешаците
-Фекална и атмосферска канализација
-Водоводен систем
-Современо улично осветлување
Ова е уште една значајна инвестиција со која ја подобруваме инфраструктурата и ја зајакнуваме локалната економија.
Ги повикувам домашните и странските инвеститори да ја препознаат Општина Прилеп како сигурен и сериозен партнер за реализација на нивните бизнис идеи.
Продолжуваме посветено да работиме на терен, за развиен и успешен Прилеп!” – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
