Разочарувачка временска прогноза! Од вечерва па се до петок – дожд, грмежи и силен ветер
Од вечерва, не очекува нестабилно време проследено со дожд, грмежи и засилен ветер, а на некои места не се исклучува можноста од појава на град. Максималната температура ќе се движи од 28 до 35 степени.
Ваквото нестабилното време со дожд и грмежи ќе се задржи до овој петок, а веднаш потоа следува период на сончево и потопло време, проследено со пораст на дневните температури.
