Жалосна глетка! Битолчанец управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на патот
На 05.06.2026 во 18:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат во с. Обедник, општина Демир Хисар, Б.Ј. (39) од Битола управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. При тоа, Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
