Огромен интерес кај прилепските полуматуранти за запишување на правниот смер во економското училиште во Прилеп! Запишете се во СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу” – Вашата иднина препуштете ја во сигурни раце!!
Да, токму така! Голем дел од прилепските полуматуранти ќе се запишат на правниот смер (ПРАВЕН ТЕХНИЧАР) при СОЕПТУ Кузман Јосифоски – прилепското средно училиште кое нуди стабилност, сигурност и професионална иднина!! Правната струка во ова училиште е сигурен професионален погодок за сите идни полуматуранти.
Зошто?? Бидејќи токму од ова училиште низ годиите наназад, произлегоа најдобрите правници во нашата држава. Правото не е само обична професија! Тоа е угледна професија за која е потребно многу знаење и труд доколку немате соодветен професионален образовен кадар. Меѓутоа во правната струка при СОЕПТУ Кузман Јосифоски – Питу, благодарение на врвниот тим од професори идните полуматуранти правото ќе го научат мошне брзо “како песна”, благодарение на одлично креираната програма и предмети кои преку илустративни примери и ОДЛИЧНА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРАКСА ги обучуваат идните полуматуранти на мошне брз и лесен начин.
Запишете се во СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу” – Вашата иднина препуштете ја во сигурни раце!!
