Вчера во Битола се одржа свечен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола
По повод Денот на државноста на Република Хрватска, во петок на 5. јуни 2026 година, во Културно-информативниот центар (Офицерски дом) во Битола се одржa свечен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.
Програмата понуди богата уметничка содржина. Препознатливиот далматински мелос, во Битола го пренесе далматинската клапа „Цетињани“ – здружение клапа Хрваце од Хрватска, а како специјални гости настапија учениците од Државното музичко училиште – Битола: Климент Ристески, Јан Неќак и Теона Ванеска.
Настанот го модерираше Неда Маретиќ, ПР на Хрватскиот културен центар, а на присутните им се обрати Бранко Маретиќ претседателот на МХД ХЦ Марко Марулиќ.
Помеѓу приситните беа: Бригадир Рајко Периќ, воено аташе при Амбасадата на Хрватска во Скопје за Македонија, Албанија и Косово, Стевче Стевановски градоначалник на Општина Новаци, конзулите на Бугарија, Франција, претставници на институции, КУД-ови, организации од Битола, Скопје и регионот.
Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Во текот на изминатите години Хрватскиот културен центар од Битола, воспостави соработка со сите релевантни институции од Македонија и Хрватска, беше иницијатор на неколку збратимувања со општини и КУД-ови. Неодамна гостуваа во Сплит, како дел од меѓународната конференција „Современи пристапи во обликувањето на библиотечните простори за деца и млади“, во рамките на која се потпишаа Меморандуми на соработка со Градската библиотека „Марко Марулиќ“ од Сплит, Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ и Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Одбележувањето на Денот на државноста на Хрватска во Битола е организирано во соработка со Културно-информативниот центар Битола, Општина Битола, Центарот за култура, Државното музичко училиште, Сплитско Далматинскиот округ и Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Република Хрватска.
