Овој викенд, “Крушево низ корија” ќе испише уште една нова историја!
Овој викенд во Крушево ќе се одржи 11-от фестивал на отворено „Крушево низ корија“, во организација на Форум за Авангардна Креативност – Прилеп и Општина Крушево.
Присутните во Крушево ќе кампуваат во убавото пријатно време, а паралелно на тоа ќе уживаат во големиот број на атрактивни содржини. Повеќе од очигледно е дека и овој пат, “Крушево низ корија” ќе испише уште една нова историја!
