ВИДЕО: СДСМ ги лаже тутунарите за (не)исплатата на субвенции-После прашањата на Ристески,МОЛК!

Сподели го ова:





























Во одбрана на земјоделците и тутунарите, денеска прилепскиот пратеник Петар Ристески од говорницата на денешната Комисија за земјоделие, шумарство и водостопанство, упати повеќе директни прашања до власта, за кои што не доби конкретен одговор. Веднаш потоа, Ристески се огласи на социјалните мрежи, при што истакна:

“Даваме поддршка за авансна исплата на субвенции од 01 01.2023 и другите измени во Законот за земјоделство,во интерес на земјоделцитеПратениците од власта немаа одговор зошто до денес не се исплатени субвенциите за тутун на земјоделците,а до вчера хистерично ја обвинуваа опозицијата.

Молк од пратениците на сдс и дуи,молк од министерот за се и ништо,Николовски.Само лаги и манипулации од нив.Затоа слдеуваат предвремени избори и промена на власта.

На народот му е преку глава од лаги и манипулации на неспособнава власт!”-истакна прилепскиот пратеник Петар Ристески.

Денешниот говор на прилепскиот пратеник Петар Ристески од говорницата на денешната Комисија за земјоделие, шумарство и водостопанство, Ви го прикажуваме во прилог на оваа објава:




Сподели го ова:

Слични објави