Денеска во Крушево – црковно предавање од Отец Предраг Поповиќ
Денеска на 22.03.2025 – недела, во црквата св.Никола во центарот на Крушево со почеток во 17 часот, Отец Предраг ќе одржи предавање на тема: “Градот на светлината”. Отец Предраг ужива голема почит меѓу верниците, давајќи им редовно совети за негување на духовноста, меѓутоа и практични совети кои што на народот му помагаат да се надминат секојдневните проблеми.
Имено, предавањето ќе биде веднаш после вечерната литургија во храмот св. Никола во центарот на Крушево која ќе започне во 16 часот.
На предавањето се очекува да присуствуваат голем број на верници, како од Пелагонија, така и од цела Македонија.
