Поранешниот директор на прилепски водовод Јанески, ја злоупотребил службената положба-обвинуваат од Левица

Сподели го ова:



















Советниците на Левица од Прилеп поднесоа ПРИЈАВА до Државна комисија за спречување на корупцијата по предмет “Злоупотреба на функцијата односно службената положба” по допрен глас, против претходниот директор Емил Јанески затоа што, според нашите сознанија, на ден 06.08.2021 год. донел одлука за избор на кандидати за административни службеници по објавен оглас бр.419/2021 год. надвор од законските овластувања, во време кога биле распишани или се одржувале избори.

За целата постапка на вработување партиски кадри, со цел неосновано прибирање гласови каде воедно е нарушен и изборниот процес, поседуваме докази дека е водена незаконски, посебно на денот и часот за одржување на третата фаза на селекција и тоа проверка на веродостојност на докази во 10:00 часот и интервју со кандидатите во 13:00 часот на 06.08.2021 год.

Правен дел:

Собранието на Р. Македонија донесе Решение за распишување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје на 06.08.2021 год каде што согласно одредбите од Изборниот законик , во член 8-а е предвидено дека ”од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до денот на завршување НЕ МОЖЕ да се започне постапка за вработување на нови лица или престанок на работен однос во државни и јавни институции ”





Вработувањето е по барање на Директорот Јанески а е потпишано од тогашниот градоначалник Илија Јованоски.

ЛО Левица Прилеп



Сподели го ова:

Слични објави