ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПРИЛЕПЧАНИ: Настанат е голем дефект на главната водоводна линија во овој дел од градот
Почитувани сограѓани,
Во моментов е настанат голем дефект на главната водоводна линија во близина на училиштето и градинката “Гоце Делчев”. Тимовите на ЈКП”Водовод и канализација” Прилеп веќе се на терен и започната е интервенција на истиот.
Сакаме да информираме дека водоснабдувањето ќе биде во прекин во реонот на училиштето и градинката “Гоце Делчев” подолг временски период поради големината и сериозноста на дефектот, се до целосна санација и нормализирање на водоснабувањето.
Замолуваме на разбирање и трпение кај населението во овој дел на градот.
Со почит,
