Николоски со ветување: Следната пролет ќе ги возиме првите км од автопатот Прилеп – Битола
Во делот на инфраструктурата – само што доаѓам од увид на градежни активности на автопатот Прилеп – Битола, таму работата оди одлично. Она што го добив као ветување од изведувачите е дека веќе следната пролет, ќе можеме да возиме по првите километри автопат на потегот од Прилеп до Битола, а согласно пред рокот и да се заврши целиот автопат….Веќе во го пуштивме експресниот пат кој што оди од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш, сега треба да го завршиме делот кој што оди од Фариш до Прилеп, односно да го решиме Плетвар на тој начин да имаме до Битола целосно автопатско решение – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
