Владата стави крај на злоупотребите на службените возила за приватни и партиски цели!

Сподели го ова:





























На денешната Владина седница беше донесена одлука: сите државни институции и јавни правни лица мора да ги променат регистарските таблици на службените возила со таблици во боја најдоцна до 15.09.2025 година.

“Со ова исполнуваме уште едно ветување – обележување на службените возила за зголемена транспарентност и отчетност.

Крај на злоупотребите за приватни и партиски цели.

Јавноста ќе може лесно да ги препознае службените возила.

Институциите имаат јасен рок – време е за одговорност!” – порача директорот на службата за Општи и заеднички работи, Ивица Томовски.




Сподели го ова:

Слични објави