Утре во Прилеп бидете дел од големите спортски игри за млади

Сподели го ова:





























На 3 јуни (среда), со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, Прилеп ќе биде домаќин на зонските натпревари во рамките на проектот „Спортски игри за млади – Плазма“, најголемата спортско-едукативна манифестација за деца и млади.

На спортските терени своите вештини, спортски дух и натпреварувачки способности ќе ги покажат ученици од основните училишта од општините Прилеп, Долнени, Демир Хисар, Кривогаштани и Крушево, кои преку дружење, фер-плеј и тимска игра ќе испратат силна порака за значењето на спортот во правилниот развој на младите генерации.

Настанот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот за училишен спорт на Општина Прилеп, а се реализира под покровителство на Општина Прилеп и Министерството за спорт.

Ги покануваме сите граѓани да дојдат и да ги поддржат младите спортисти, да уживаат во натпреварите и заедно да бидеме дел од една прекрасна спортска приказна која ги промовира здравите животни навики, другарството и вистинските вредности.

Да навиваме за младите, да го славиме спортот.




Сподели го ова:

Слични објави