Чонески изврши увид во подготвителните работи за уредување на полетувалиштата за параглајдеристи на м.в. Црн Врв

Сподели го ова:





























Денеска извршив увид во подготвителните работи за уредување на полетувалиштата за параглајдеристи на м.в. Црн Врв, инвестиција која ќе придонесе за дополнително унапредување на условите за развој на авантуристичкиот туризам во Крушево.

Со реализацијата на овие активности создаваме подобра инфраструктура за спортистите и посетителите, но и дополнително го зацврстуваме статусот на Крушево како една од најпрепознатливите параглајдерски дестинации во Европа.

Aктивноста е дел од проектот „Крушево и Елбасан – патување во природа и авантура“, финансирана од Европската Унија, чија цел е унапредување на туристичката понуда и промоција на природните потенцијали на двата региона.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на реализација на проекти кои создаваат нови можности за развој, привлекуваат туристи и придонесуваат за економски напредок на нашата општина.




Сподели го ова:

Слични објави