Коњановски им го честита успехот на кугларите и нивниот селектор кои на Светското првенство во Австрија направија историски успех
Битолскиот градоначалник Тони Коњановски оствари средба со кугларите и нивниот селектор кои на Светското првенство во Австрија направија историски успех – четири сребрени медали од две тандем дисциплини.
Станува збор за Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски светски вицешампиони во Тандем микс кои на Светското првенство во Австрија, постигнаа исклучителен резултат за македонското куглање. Сребрени медали во дисциплината Тандем жени освоија Стефанија Алексовска и Андреа Велјановска, за кои тренерот Игор Михајловски вели дека се надминаа самите и изиграа во клучни мигови врвно.
“Им честитав за успехот и им посакав им уште многу спортски успеси. Инаку кугланата во Битола, каде што тренираат и која е лиценцирана и за меѓународни натпревари, е местото од каде излегуваат талентирани спортисти што се гордост на Битола” – истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.
