Учебната година во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп започна со целосна подготвеност на училиштето за непречено одвивање на наставниот процес

Сподели го ова:





























Учебната 2026/2027 година во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп започна денеска без проблеми и со целосна подготвеност на училиштето за непречено одвивање на наставниот процес. Исто така, во училиштето имаше и свечен прием на првачиња, кои ги поздрави директорот на училиштето Ахил Јаков, како и Претседателката на Совет, Билјана Кржеска.

Добредојдовте во нашето училиште, драги првачиња! Денес започнува вашата најубава авантура исполнета со нови другарства, насмевки и знаења. Нека секој ден ви биде чекор поблиску до вашите соништа. Среќен прв училиштен ден! – порача дириректор Ахил Јаков.




Сподели го ова:

Слични објави