ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” со голема радост, ги пречека слатките првачиња
Денеска во ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” во Прилеп со многу радост, насмевки и возбуда ги пречекаa најмалите ученици – првачињата, кои го направија својот прв чекор во едно ново и значајно поглавје од животот. Свеченоста ја збогатија обраќањата на директорката Снежана Коцевска Шубеска и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кои на нашите првачиња им посакаа успешен почеток, многу знаење, радост и незаборавни училишни денови. Градоначалникот им подели и учебници на првачињата, со што уште еднаш ја истакна поддршката за најмладите ученици.
А потоа дојде и највозбудливиот момент!
Наставниците од прво одделение ги прочитаа имињата на своите ученици, а првачињата, заедно со своите родители, со насмевки и возбуда влегоа во своите училници – нивниот нов мал свет во кој ќе учат, растат, стекнуваат знаења и создаваат нови пријателства.
“Добредојдовте, мили првачиња!
Нека вашето училишно патување биде исполнето со знаење, другарство, љубопитност, успех и многу убави спомени! Заедно учиме. Заедно растеме. Заедно создаваме иднина – порачаа од ООУ “Кире Гаврилоски – Јане”.
