Вчера “The Four” направија центарот на Прилеп да гори од квалитетна музика!
Oчигледно е дека вчера вечерта, прилепчани уживаа во одличниот музички репертор кој што го изведија членовите на “The Four”. Синоќа, центарот на Прилеп гореше од квалитетна и добра музика, благодарение на “The Four” кои направија вистински спектакл за паметење!
После богатата музичка агенда со настапи ширум цела наша земја, прилепскиот, но сепак светски музички бенд “The Four” настапи во родниот Прилеп, односно на камената бина во центарот на градот како дел од манифестацијата “Од нула до култура”.
The Four постои од 2016 година. Тоа е бенд кој изведува кавери на познати хитови од македонската и екс – ју сцената, како и популарни странски хитови. Настапува во кафетерии, ланџ барови, ноќни клубови во Прилеп и во градовите низ цела Македонија. Исто така бендот настапува и на разни забави и јавни настани, и како што знаете ја прави најдобрата забава во цела Македонија!
